Хроника
Дознај прв
14 ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА: возеле без дозвола, под дејство на алкохол и со огромна брзина
Полицијата лиши од слобода 14 возачи, меѓу кои и малолетници, поради безобѕирно управување, возење без дозвола, алкохол и прекумерна брзина.

Во текот на изминатото деноноќие, полицијата лишила од слобода 13 возачи, додека со еден е извршен службен разговор поради сомнение за „безобѕирно управување возило“. Од 14-те случаи, десет возачи управувале без положен возачки испит. Меѓу нив има и двајца малолетници, на возраст од 16 и 17 години.
Дел од возачите биле под дејство на алкохол
Двајца возачи биле затекнати како управуваат под дејство на алкохол, а еден од нив истовремено возел без дозвола. Двајца други возачи управувале и покрај активна забрана за управување со возило.
Романски државјанин возел 178 километри на час
Најдрастичниот случај е регистриран на автопатот Гевгелија – Демир Капија, каде романски државјанин возел со 178 километри на час на делница на која максималната дозволена брзина е 80 километри на час. Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.