Дознај прв
АФД ГО НАПАДНА МЕРЦ: „Вие сте канцеларот на Украина“
Жестока дебата во германскиот Бундестаг откако AfD побара прекин на помошта за Украина и го нападна канцеларот Фридрих Мерц.

Германската опозициска партија Алтернатива за Германија (AfD) побара прекин на финансиската и воената помош за Украина, со образложение дека средствата треба да се насочат кон домашните потреби. Барањето предизвика жестока дебата во Бундестагот, во која пратениците од владејачките партии се спротивставија на позициите на AfD. Дебатата се одржа по повод патувањето на канцеларот Фридрих Мерц во Киев и германската помош за Украина.
Фронмаер го обвини Мерц
Портпаролот на AfD за надворешна политика, Маркус Фронмаер, тврдеше дека Германија од почетокот на руската инвазија обезбедила околу 100 милијарди евра билатерална помош за Украина, плус дополнителни средства преку Европската Унија. Тој порача дека средствата можеле да се искористат за училишта, патишта и пензии, а на Мерц му порача дека неговата должност е кон Германија, а не кон Украина.
Владата ја брани помошта за Киев
Претставници на ЦДУ, Зелените и СПД ги отфрлија критиките и предупредија дека прекинот на воената и финансиската помош би можел да има последици за безбедноста на Германија и Европа. Тие посочија и на ризикот од дополнителни бегалски бранови и зголемени трошоци доколку Русија оствари победа во Украина.