Магазин

ДОДЕКА ОДЕШЕ „ЈАНО МОРИ“ ЗА ПРВПАТ ВИДОВ 7-8 ВОЗРАСНИ ЛУЃЕ ДА ПЛАЧАТ ВО КАФАНА: Кавадаречки угостител се присети на деновите по смртта на Тоше

ДОДЕКА ОДЕШЕ „ЈАНО МОРИ“ ЗА ПРВПАТ ВИДОВ 7-8 ВОЗРАСНИ ЛУЃЕ ДА ПЛАЧАТ ВО КАФАНА: Кавадаречки угостител се присети на деновите по смртта на Тоше

Деветнаесет години по смртта на Тоше Проески, Диме Коцевски од Кавадарци сподели емотивен спомен од вечерта по трагичната вест. Овој кавадаречки угостител раскажува дека во „У Ватша“ дошле седум-осум редовни гости, но атмосферата била тивка и тажна. „Сите беме отсутни со мислите на друго место“, пишува Коцевски на кавадаречки дијалект. Во еден момент случајно забележал ЦД со песните на Тоше, го ставил во плеерот и ја пуштил „Јано мори“, една од неговите омилени македонски песни. „Прва песна на тоа ЦеДе беше Јано Мори една од НајОмилените ми Македонски Песни… Додека одеше песната, у тиа три четири минути прв пат видов 7,8 возрасни луѓе да плачат у кафење…“, се присетува тој. Локалот го затворил, а со гостите останале до утрото, слушајќи ги песните на македонската музичка икона. „Вечна нека ти е славата Големо Човечиште“, напиша Коцевски.

Еве го во оригинал статусот на Коцевски, кавадаречки угостител: