Магазин

РОНАЛДО ВЛЕГУВА ВО БИЗНИСОТ СО ВОДА: Инвестирал 10 милиони евра во нов бренд

Кристијано Роналдо и португалската компанија Grupo Outeirinho вложуваат вкупно 20 милиони евра во нов бренд за минерална вода.

РОНАЛДО ВЛЕГУВА ВО БИЗНИСОТ СО ВОДА: Инвестирал 10 милиони евра во нов бренд

Фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо инвестирал 10 милиони евра во создавање нов бренд за минерална вода, објави Сител. Со овој потег, португалскиот спортист го проширува своето деловно портфолио и надвор од фудбалот.

Роналдо со партнерство со португалска компанија

Роналдо соработува со португалската компанија „Grupo Outeirinho“, која вложила уште 10 милиони евра, со што вкупната инвестиција достигнува околу 20 милиони евра. Фудбалерот ќе поседува 50 проценти од новиот бизнис. Фабрика за флаширање се гради во Браганса, Португалија, а проектот треба да отвори неколку десетици работни места.

Продажбата треба да започне во 2027 година

Планирано е новата минерална вода да се продава во Португалија и на странските пазари до крајот на 2027 година. Дизајнот на брендот го развива италијанска компанија. Роналдо веќе има искуство во овој сектор, бидејќи претходно стана косопственик на брендот за минерална вода „Ursu9“.