Македонија

ЗАТВОР ЗА МУХАМЕД ЗЕКИРИ: Осуден на една година и седум месеци

Апелациониот суд му изрече една година и седум месеци затвор на поранешниот генерален секретар Мухамед Зекири за договори за консултантски услуги без јавна набавка.

ЗАТВОР ЗА МУХАМЕД ЗЕКИРИ: Осуден на една година и седум месеци

Апелациониот суд му изрече казна затвор од една година и седум месеци на поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зекири, објави „Коха“. Тој е осуден за злоупотреба на службената положба и овластување при склучување договори за консултантски услуги без спроведена јавна набавка. Договорите се однесувале на анализа на состојбите и можната приватизација на „Македонска пошта“ и „Македонски железници“. Според обвинителството, со нив бил предизвикан финансиски штета на државниот буџет од над 1,1 милион евра.

Судскиот процес се одолговлекуваше со години

Предметот беше проследен со одложувања, поништени пресуди и повторно судење. Зекири претходно беше осуден на две и пол години затвор, казна во која му беше пресметано и времето поминато во притвор и куќен притвор. Во меѓувреме, тој ја одлежа првично изречената казна.

Зекири има право на жалба до Врховниот суд

Според објавените информации, Зекири има право да поднесе жалба до Врховниот суд во рок од осум дена. Апелацискиот суд наредил конфискација на имотот на фирмата „Интерхолдинг“, која била изведувач на консултантските услуги, но не и конфискација на имотот на Зекири.