Скопје
Дознај прв
(ВИДЕО) ОБНОВЕНО СПОМЕН-ОБЕЛЕЖЈЕТО: Се реконструира паркот „Жена-борец“ во Скопје
Орце Ѓорѓиевски соопшти дека е обновено вандализираното спомен-обележје на децата бегалци од Егејска Македонија. Во тек е и реконструкција на паркот „Жена-борец“.

Спомен-обележјето посветено на децата бегалци од Егејска Македонија, кое беше вандализирано, повторно е обновено. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека со враќањето на обележјето се оддава почит на децата чие детство било прекинато и кои биле принудени да ги напуштат родните места. Во објавата тој посочи дека споменикот го чува сеќавањето на нивните судбини и љубовта кон родниот дом.
Во тек е целосна реконструкција на паркот
Паралелно со обновувањето на спомен-обележјето, во тек се градежни активности за целосна реконструкција на паркот „Жена-борец“. Според Ѓорѓиевски, целта е просторот што ја чува колективната меморија да го добие достоинството што го заслужува. Тој порача дека градот се развива со почит кон минатото и грижа за иднината.
