Македонија

СВЕДОК ОД ОБВИНИТЕЛСТВОТО ТВРДИ: Управниот одбор на „Лотарија“ не донел одлука за набавка на ВЛТ-терминалите

СВЕДОК ОД ОБВИНИТЕЛСТВОТО ТВРДИ: Управниот одбор на „Лотарија“ не донел одлука за набавка на ВЛТ-терминалите

Управниот одбор на АД Државна лотарија не донел посебна одлука за набавка на видеолотариските терминали, а потребата од нивна набавка не била посебна точка на дневниот ред.

Продолжи судењето за случајот „Лотарија“ со сведочење на Христо Најданов, поранешен член на Управниот одбор на Лотарија. На прашање на Обвинителството појасни дека бил именуван од Владата во 2017 година, два мандати кои му траеле до 2024 година. Посочи дека бил предложен од партијата ДОМ, како коалициски партнер во власта, претпоставувајќи дека и другите членови биле предложени од своите политички партии.

Во случајот се суди на поранешниот вицепремиер Артан Груби и уште седуммина обвинети.

НОВИ АПСЕЊА ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА: Две лица приведени за сомнеж за проневера од 1,3 милиони евра