Македонија
Дознај прв
НАЈМЛАДИОТ МИЛИОНЕР ВО ДРЖАВАТА ИМА ЧЕТИРИ ГОДИНИ: Највозрасниот е 97-годишен пензионер

Четиригодишно дете е најмладиот милионер во земјава, а највозрасниот граѓанин со доход над еден милион денари има 97 години, покажуваат податоците на Управата за јавни приходи за 2025 година. Детето остварило 3,1 милион денари од дивиденда исплатена од банка.
Највозрасниот граѓанин пријавил доход од 1,089 милиони денари, од кои 59 проценти биле од пензија, а остатокот од дивиденда. Минатата година биле поднесени околу 863.100 даночни пријави, што е 10,6 проценти повеќе од 2024 година. Највисокиот вкупен доход од сите извори изнесувал 257,5 милиони денари и го остварил граѓанин од Гевгелија. Втор на листата е граѓанин од Охрид со 254,4 милиони денари.
УЈП ГО ПРЕЗЕНТИРАШЕ Е-ФАКТУРА ПРЕД БАНКИТЕ: Сите засегнати страни се вклучуваат во процесот
