Македонија

„БРАЌА МАНАКИ“ СО РЕКОРДНА ПРОГРАМА: Светски имиња од кинематографијата пристигнуваат во Битола

47. издание на „Браќа Манаки“ носи рекорден број филмови, едукативни содржини и гости од светската кинематографија во Битола.

„БРАЌА МАНАКИ“ СО РЕКОРДНА ПРОГРАМА: Светски имиња од кинематографијата пристигнуваат во Битола

Браќа Манаки утре започнува со македонски филм

Утре во Центарот за култура во Битола започнува 47. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, кој годинава носи рекорден број филмови, едукативни содржини и гости од светската кинематографија. Фестивалот ќе биде отворен со македонскиот филм „Скејтањето не е за девојчиња“ во режија на Дина Дума. Меѓу најавените гости се кинематограферите Јануш Камински, Семи Капланоглу, Воли Фистер и Тимо Салминен, а годинашни лауреати се Ден Лаустсен и Џеф Кроненвет. Директорот на фестивалот Димитрија Доксевски оцени дека програмата годинава е особено богата со филмови, автори и гости.

Новини со кино на отворено и европска соработка

Како новина е најавено кино на отворено во Музејот на Битола, каде публиката бесплатно ќе може да ја следи макпоинт програмата. Главната селекција ќе се прикажува во Центарот за култура, каде е обезбедена нова проекциска опрема, односно платно и проектор. Фестивалот годинава започнува и соработка со Европската филмска академија преку нејзиниот Cinematographers Chapter, со панели посветени на работата и условите во кои работат кинематограферите. Првиот панел е закажан за 21 септември, а меѓу учесниците ќе бидат Тимо Салминен и Јануш Камински. Во официјалната програма повторно е вклучена и макпоинт програмата со повеќе македонски филмови.