Македонија

Денес нè очекува пеколен ден: До 37 степени, а попладне можни невреме и град

Денес Македонија ја очекува сончево и многу топло време со температури до 37 степени, но попладне на места ќе има невреме, грмежи, силен ветер и можен град.

Денес нè очекува пеколен ден: До 37 степени, а попладне можни невреме и град

Сонцето ќе пржи, но попладне доаѓа пресврт

Времето денес, 29 август, ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и температури до 37 степени. На места ќе има услови за нестабилност, особено во попладневните часови, кога се очекуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, со невреме, силен ветер и услови за појава на град. Утринските температури ќе се движат од 15 до 24 степени, додека дневните максимални ќе достигнат до 37 степени.

И во Скопје попладне можни пороен дожд и грмежи

Во Скопје денес ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност, но во попладневните часови се очекува нестабилност. Можно е да има пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината се можни и поинтензивни процеси со услови за град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата во главниот град ќе достигне околу 36 степени.

ОЗНАКИ: МЕТЕО