Македонија
Дознај прв
ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ЗА ШКЕНДИЈА АРАЧИНОВО И КАМЈАНИ: ФФМ реагира по натпреварите
Дисциплинската комисија на ФФМ поведе постапки против Шкендија Арачиново, Камјани и клупски функционер, а суспендираше четворица фудбалери.

Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) поведе постапки против Шкендија Арачиново, Камјани и клупски функционер, по инциденти и пропусти на натпреварите од домашните лиги. Постапката против Шкендија Арачиново е поврзана со слаба организација на дуелот од 10. коло во Првата лига против Струга Трим Лум, поради присуство на неслужбени лица во службените простории.
ФФМ со обвинивања за вербален напад и закани
Дисциплинска постапка е поведена и против Сулејман Алими, извршен директор на Шкендија Арачиново, поради вербален напад и упатени закани кон судиската четворка по натпреварот со Струга. Постапка е отворена и против Камјани поради слаба организација на средбата од осмото коло во Втората лига против Кожуф.
Суспензии за четворица фудбалери
Комисијата изрече и суспензии за четворица играчи. Мартин Тодоров од Шкендија Арачиново и Дарко Денков од Детонит се суспендирани на два натпревари, Енис Дервиши од Камјани на три, а Давид Ристовски од Брера Струмица на еден натпревар.