Македонија

ДОКУМЕНТИТЕ ЌЕ ГИ НОСИМЕ ВО МОБИЛЕН: м.Услуги ќе ја претвори личната карта во дигитална форма

Стефан Андоновски најави дека преку м.Услуги граѓаните ќе можат да имаат лична карта, возачка дозвола и други документи во електронска форма.

ДОКУМЕНТИТЕ ЌЕ ГИ НОСИМЕ ВО МОБИЛЕН: м.Услуги ќе ја претвори личната карта во дигитална форма

Андоновски најави нова функционалност за граѓаните

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски најави дека преку мобилната апликација м.Услуги граѓаните ќе можат да ги имаат своите лични документи директно на мобилниот телефон. Апликацијата ќе овозможи личната карта, возачката дозвола и други документи да бидат достапни во електронска форма на едно место. Андоновски објасни дека демо-верзијата била тестирана од неколку илјади граѓани, при што биле добиени повеќе од 200 забелешки за подобрување на функционалноста. Во меѓувреме, било договорено и поврзувањето со Министерството за внатрешни работи, кое е изворна институција за податоците од личните документи.

м.Услуги ќе биде дигитален паричник

Според Андоновски, личната карта и возачката дозвола се само почеток, а целта е м.Услуги да прерасне во суперапликација и дигитален паричник. Во неа во иднина би можеле да се чуваат и изводи, дипломи, свидетелства и други документи кои граѓаните често ги користат. Тој посочи дека електронските документи веќе имаат законска основа и дека институциите постепено треба да започнат да ги прифаќаат нивните електронски верзии.