Македонија
Дознај прв
ДОЖД, ГРМЕЖИ И ВЕТЕР ДО 40 КМ/Ч: УХМР најавува нестабилно време за денеска
Нестабилно време денеска со пороен дожд, грмежи и северен ветер до 40 км/ч, а во Скопје дожд се очекува попладне.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а на повеќе места ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Според прогнозата, ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, кој долж Повардарието ќе достигнува брзина до 40 километри на час.
Температурите низ Македонија ќе се движат од 21 до 34 степени, а најтопло се очекува да биде во централните делови од земјава.
Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, додека попладне во делови од котлината ќе има појава на пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
