Магазин

КОПЕНХАГЕН ПОВТОРНО НА ВРВОТ: Данската престолнина прогласена за најдобар град за живеење во светот

Копенхаген најдобар град за живеење во светот, според Global Liveability Index 2026 на Economist Intelligence Unit.

КОПЕНХАГЕН ПОВТОРНО НА ВРВОТ: Данската престолнина прогласена за најдобар град за живеење во светот

Копенхаген повторно е прогласен за најдобар град за живеење во светот, според најновиот Global Liveability Index 2026 на Economist Intelligence Unit.

Данската престолнина го задржа првото место втора година по ред, благодарение на високите оценки во повеќе клучни категории, меѓу кои стабилност, здравство, култура и животна средина, образование и инфраструктура.

Според рангирањето, Копенхаген добил максимални оценки во категориите стабилност, образование и инфраструктура. На листата веднаш зад него се Виена и Мелбурн, кои со години важат за едни од најпосакуваните градови за живот.

Во топ 10 најдобри градови за живеење во светот се најдоа и Сиднеј, Цирих, Женева, Осака, Аделаида, Ванкувер и Токио. Индексот опфаќа 173 градови во светот и ги оценува според повеќе од 30 показатели поврзани со квалитетот на животот.

Копенхаген со години важи за пример за модерен, безбеден и функционален град, со развиен јавен превоз, велосипедска инфраструктура и висок квалитет на урбан живот.