Скопје
Дознај прв
ФАТЕНИ КАКО ИСФРЛААТ ШУТ: Казнети граѓани на две локации во Аеродром и на „Рузвелтова“
Исфрлање шут било регистрирано вчера вечерта во О. Аеродром и на Рузвелтова, а сторителите ќе добијат казни.

Вчера вечер на три локации во Скопје, две во Аеродром и една во централното градско подрачје на улицата „Рузвелтова“, биле затекнати лица при нелегално исфрлање шут и отпад покрај згради.
Сторителите биле лоцирани и евидентирани, по што добиле налог да се јават во просториите на Град Скопје, каде што ќе им биде изречена соодветна глоба согласно законските прописи.
Дополнително, им било наложено веднаш да го подигнат отпадот и да го однесат на соодветна депонија, со задолжително приложување кантарска белешка како доказ. Доколку тоа не го сторат, најавени се нови санкции.
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, порача дека нема да се толерира загадување и уништување на јавниот простор.
„Скопје мора да биде чисто“, порача Ѓорѓиевски, апелирајќи до граѓаните да го чуваат градот како сопствен дом.
