Македонија
Дознај прв
ПРАТЕНИЦИ ОД МАКЕДОНИЈА ВРАТЕНИ ОД АЛБАНИЈА: Лекција за сите што ја потценуваат сопствената држава
Функционери на „Вреди“ биле задржани на Ќафасан повеќе од еден час, иако ги приложиле своите дипломатски пасоши.

Тројца функционери на партијата „Вреди“ биле задржани околу еден час на граничниот премин Ќафасан, на влез кон Албанија, без официјално објаснување, соопшти партијата.
Станува збор за координаторот на пратеничката група Беким Ќоку, пратеникот Аднан Азизи и заменик-генералниот секретар на Владата, Хасим Муртезани. Од „Вреди“ велат дека сите тројца приложиле дипломатски пасоши, но и покрај тоа биле задржани на преминот.
Според партијата, неофицијално од граничната полиција им било кажано дека против нив постои забрана за влез, но не им била доставена никаква одлука, документ или образложение.
„Вреди“ побара од властите во Албанија јавно да објаснат дали навистина постои таква мерка, кој ја донел, врз која законска основа и кои се причините за задржувањето.
Од партијата порачуваат дека меѓуалбанските односи треба да се градат врз транспарентност, институционално почитување и јасна комуникација, а не врз необјаснети забрани и процедури.
