Скопје

ФОТО – НЕСОВЕСНИ ГРАЃАНИ ЈА ЗАТНУВААТ КАНАЛИЗАЦИЈАТА: Отстранети алишта и отпад од шахта

Екипите на „Водовод и канализација“ отстранија отпад од канализациска шахта на улицата „Методија Шаторов – Шарло“ во Аеродром.

ФОТО – НЕСОВЕСНИ ГРАЃАНИ ЈА ЗАТНУВААТ КАНАЛИЗАЦИЈАТА: Отстранети алишта и отпад од шахта

Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје продолжуваат со теренски интервенции за отстранување отпад од канализациската мрежа. Последната интервенција била реализирана на улицата „Методија Шаторов – Шарло“ во Општина Аеродром, каде што бил отстранет отпад кој го попречувал нормалното функционирање на канализацискиот систем. Од претпријатието посочуваат дека ваквите ситуации се повторуваат поради несовесно однесување и несоодветно одлагање отпад.

Влажни марамчиња и пелени завршуваат во канализацијата

Од ЈП „Водовод и канализација“ потсетуваат дека канализациските шахти не се места за фрлање отпад. Влажните марамчиња, пелените, хигиенските производи и другите отпадоци треба да се одлагаат во корпите за отпадоци, а не во канализациската мрежа.

Апел за поголема одговорност

Од претпријатието упатуваат апел до граѓаните да бидат посовесни и да придонесат за непречено функционирање на канализацискиот систем. Со правилно одлагање на отпадот може да се спречат затнувања и дополнителни интервенции на терен.

Жан Митрев