Хроника

(ВИДЕО) ТЕПАЧКА МЕЃУ ТАКСИСТИ НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ: Се степале кој е на ред да земе патник

(ВИДЕО) ТЕПАЧКА МЕЃУ ТАКСИСТИ НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ: Се степале кој е на ред да земе патник

Инцидент меѓу таксисти се случил пред терминалот на скопскиот аеродром, каде расправијата прераснала во физичка пресметка. На видеото кое се споделува на социјалните мрежи се гледа како неколку лица се туркаат и удираат покрај паркираните такси-возила. Според информациите објавени со снимката, причина за конфликтот бил спор околу тоа кој од таксистите е следен на ред за да превезе патник. Видеото го објави Роберто Навали на Инстаграм.

Засега нема официјални информации од полицијата за случајот со тепачката меѓу таксисти на аеродром.

За потсетување, пред неколку месеци имаше инцидент на самиот аеродром.

ФИЗИЧКА ПРЕСМЕТКА НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ: Патници разделуваа и спречија тепачката да ескалира

Жан Митрев