Скопје

ВО ВТОРНИК ПРЕКИН НА ВОДА ВО ДЕЛ ОД СЕВЕР НА СКОПЈЕ

о вторник од 8:30 часот дел од улицата „Џон Кенеди“ ќе биде без вода, а Топанско Поле ќе има намален притисок поради водоводен приклучок.

ВО ВТОРНИК ПРЕКИН НА ВОДА ВО ДЕЛ ОД СЕВЕР НА СКОПЈЕ

Корисниците на дел од улицата „Џон Кенеди“ во Скопје во вторник, 10 ноември, ќе останат без вода поради изведување водоводен приклучок на улицата „Ферид Заири“ бр. 12. Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека ќе се работи на приклучок со димензии Ф 250 на Ф 125 милиметри. Прекинот на водоснабдувањето ќе започне во 8:30 часот и ќе трае до завршувањето на работните активности.

Намален притисок во Топанско Поле

Покрај прекинот на водата во дел од „Џон Кенеди“, жителите на населбата Топанско Поле ќе имаат намален притисок на водоснабдувањето. Од претпријатието не соопштуваат колку долго ќе траат работите.

Жан Митрев