Економија

ПРЕКИНИ ВО БАНКИТЕ ВИКЕНДОВ: Најавени ограничувања на услугите на банките, еве ги деталите

ПРЕКИНИ ВО БАНКИТЕ ВИКЕНДОВ: Најавени ограничувања на услугите на банките, еве ги деталите

Како што објавивме и вчера, дел од банкарските услуги во земјава ќе бидат привремено ограничени во текот на викендов, поради технички прилагодувања поврзани со воведувањето нови стандарди во денарскиот платен промет.

Халкбанк информира дека денеска од 8 до 16 часот електронското и мобилното банкарство нема да бидат достапни за платежни трансакции, а можен е и целосен прекин на услугите. НЛБ Банка од 10 часот има ограничувања во користењето на дигиталните канали, додека уплатите на банкоматите нема да функционираат во текот на викендот. Од Стопанска банка Скопје информираат дека налозите преку електронското банкарство ќе можат да се креираат до 14 часот денеска, по што услугата ќе биде ограничена до понеделник. И ПроКредит Банка најави привремен прекин, денеска од 21 до 22 часот, кога нема да бидат достапни онлајн банкарството и картичните интернет-трансакции со засилена автентикација.

Кај дел од банките, подигнувањето готовина од банкоматите и плаќањето со картички ќе продолжат да функционираат. Ограничувањата се дел од подготовките за примена на новите платни налози, шифри за плаќање и ИБАН-форматот на платежните сметки, кои стапуваат во сила од понеделник, 9 ноември.

Жан Митрев