Регион
Дознај прв
ДУА ЛИПА И РИТА ОРА СО ПОДДРШКА ЗА УЧК: По пресудите во Хаг порачаа дека „слободата е платена со крв“

Дуа Липа и Рита Ора јавно ја изразија својата поддршка за поранешните лидери на УЧК по пресудите изречени во Хаг. На 16 септември, Специјализираните совети на Косово ги осудија Хашим Тачи на 25 години затвор, Јакуп Красниќи на 25 години, Кадри Весељи на 18 години и Реџеп Селими на 13 години затвор.
Рита Ора на Инстаграм објави фотографија од амблемот на УЧК и напиша порака за борбата за Косово, кое денес го нарекува дом. Дуа Липа, пак, сподели повеќе објави поврзани со УЧК, меѓу кои и амблемот со натпис „Слободата има име“. Таа објави и текст со наслов „Слободата е платена со крв“, во кој ја опиша УЧК како симбол на слободата и независноста. Двете пејачки, кои се од албанско потекло, со своите објави реагираа еден ден по изрекувањето на пресудите во Хаг.
View this post on Instagram
