Скопје

ЕКОСКОПЈЕ: Млади создадоа дигитална платформа за пријавување еколошки проблеми

Млади ја развија „ЕкоСкопје“, дигитална платформа за полесно пријавување еколошки проблеми во Скопје, во рамки на проектот SkopYEAH! со поддршка од Град Скопје и ЕУ.

ЕКОСКОПЈЕ: Млади создадоа дигитална платформа за пријавување еколошки проблеми

Во Скопје е создадена нова дигитална платформа „Екоскопје“, наменета за пријавување еколошки проблеми во градот. Иницијативата е развиена од млади, со цел граѓаните полесно да укажуваат на загадување и други проблеми во животната средина.

Пријавување еколошки проблеми преку интернет

Платформата е развиена во рамки на проектот „SkopYEAH!“, кој го спроведува здружението „Лидери за едукација, активизам и развој“ (ЛЕАД), во соработка со Град Скопје и со финансиска поддршка од Европската Унија. Целта е да им се овозможи на скопјани полесно да пријавуваат проблеми поврзани со животната средина и да се поттикне нивното поефикасно решавање.

Промоцијата на ЕкоСкопјесе одржува со поддршка на Град Скопје и ЕУ

На промоцијата се најавени обраќања на градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, претставникот на Европската комисија, Евоут Сендкер, и извршниот директор на ЛЕАД, Иван Јованов. Платформата е замислена како дигитална алатка преку која граѓаните ќе можат да укажуваат на еколошки проблеми во градот.