Македонија

ЕКСПЛОЗИЈА ВО КИЕВ: 38 лица загинаа во нападот врз магацин со муниција, четворица се водат како исчезнати

Бројот на загинатите во рускиот напад врз магацин со муниција во Киевската област се искачи на 38, а четворица се водат како исчезнати.

ЕКСПЛОЗИЈА ВО КИЕВ: 38 лица загинаа во нападот врз магацин со муниција, четворица се водат како исчезнати

Бројот на загинатите во рускиот напад врз магацин за муниција во Киевската област се искачи на 38, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски. Спасувачките екипи продолжуваат да трагаат по уште четири лица кои се водат како исчезнати. Нападот се случил во петокот доцна навечер, кога руски дрон погодил воен објект во кој биле складирани артилериски гранати, мини, дронови и друга муниција. По ударот следувале серија силни експлозии и голем пожар, а спасувачите продолжуваат со расчистување на урнатините. Зеленски најави кривична истрага за околностите под кои муницијата била складирана во објектот, оценувајќи дека магацинот „дефинитивно не требало да биде таму“.

Спасувачите трагаат по исчезнатите

Според Зеленски, поголем дел од пожарите се изгаснати, но во погоденото подрачје сè уште има значително загадување. Екипите на терен продолжуваат со расчистување на урнатините и потрагата по четворицата исчезнати.

Русија со илјадници воздушни напади

Украинскиот претседател соопшти дека во текот на изминатата недела Русија лансирала речиси 2.000 нападни дронови, повеќе од 1.600 воздушни бомби и 31 ракета врз Украина.