Македонија

(ВИДЕО) ФИЛИПЧЕ ОД КРУШЕВО: Илинденците се бореа против тиранијата, денес борбата е против корупцијата и изолацијата

Венко Филипче од Крушево порача дека илинденците се бореле против тиранијата, а денешната борба е против корупцијата и изолацијата.

(ВИДЕО) ФИЛИПЧЕ ОД КРУШЕВО: Илинденците се бореа против тиранијата, денес борбата е против корупцијата и изолацијата

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од Крушево порача дека на Илинден се оддава почит на хероите кои пред повеќе од еден век се бореле за слободна и достоинствена Македонија. Тој истакна дека нивната жртва не била за страв, изолација и поделби, туку за слобода, правда и право народот сам да ја одлучува својата судбина. Според Филипче, денешните генерации имаат должност да го продолжат истиот пат и да градат подобра иднина.

„Македонија не смее да остане заробена во минатото“

Филипче рече дека Македонија не смее да биде земја од која младите заминуваат, во која пензионерите тешко преживуваат и институциите служат на тесен круг луѓе. Тој повика на држава во која ќе владее правото наместо партискиот интерес и во која граѓаните ќе имаат достоинствени плати, чиста вода и перспектива. Лидерот на СДСМ ја посочи и интеграцијата во европското семејство како дел од визијата за слободна, демократска и просперитетна Македонија.