Скопје

(ФОТО) ПАРКИНГ ИЛИ ВЛЕЗ ВО ПЕКАРА? Несовесен возач со Киа го блокираше влезот на „Силбо“

(ФОТО) ПАРКИНГ ИЛИ ВЛЕЗ ВО ПЕКАРА? Несовесен возач со Киа го блокираше влезот на „Силбо“

Денеска на пладне, во скопско Дебар Маало, возач на автомобил „Киа“ се паркирал директно пред влезната врата на познатата пекара „Силбо“, со што целосно го блокирал пристапот до објектот. Наместо да застане на паркинг-место, возачот одлучил дека влезот на пекарата е сосема соодветна локација за неговото возило. Граѓани кои се нашле на местото реагираат дека поради ваквото паркирање НЕ МОЖЕЛЕ ДА ВЛЕЗАТ во пекарата и да купат лиснато.

До нашата редакција беа испратени фотографии од настанот, со барање да се објави случајот. Несовесното паркирање повторно го отвора прашањето за односот на дел од возачите кон пешаците и останатите учесници во сообраќајот. Изгледа дека во Дебар Маало денеска и за едно лиснато требаше да се најде алтернативен влез. Обично не објавуваме несовесни возачи, но ова е next level. Погледнете ги фотографиите.

Жан Митрев