Скопје
Дознај прв
(ФОТО) Утрово две сообраќајки во Скопје – и двете меѓу таксист и мотор

Две сообраќајни незгоди во кои учествувале мотоциклисти се случиле утрово на различни локации во Скопје. Првата сообраќајка е регистрирана на раскрсницата кај Собранието, во близина на Градската општа болница. Според првичните информации, во неа веројатно учествувал мотоциклист кој врши достава на храна. Втората сообраќајка се случила на улицата Рузвелтова, во близина на кафулето „Галери“. Според информациите, во овој случај такси-возило удрило мотоцикл. Засега нема дополнителни информации.
Погледнете повеќе:
View this post on Instagram
