Свет

ФРАНЦИЈА МОБИЛИЗИРА 70.000 ПОЛИЦАЈЦИ: Се подготвува за нов бран протести

Франција ќе распореди 70.000 припадници на безбедносните сили во пресрет на најавените протести, по минатонеделните немири и грабежи.

ФРАНЦИЈА МОБИЛИЗИРА 70.000 ПОЛИЦАЈЦИ: Се подготвува за нов бран протести

Франција ќе распореди 70.000 припадници на безбедносните сили низ земјата во пресрет на најавените протести во сабота. Властите се обидуваат да спречат повторување на минатонеделните немири, во кои имаше грабежи и насилство. Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез предупреди дека на социјалните мрежи се појавиле повици за насилство, грабежи и напади врз јавни објекти.

Франција стравува од нови инциденти

Безбедносните сили ќе бидат засилени со специјални полициски единици, а за заштита на чувствителни објекти ќе бидат ангажирани и војници. Минатата недела, за време на немирите, беа ограбени илјадници продавници, а полицијата приведе голем број лица

Протестите се поврзани со незадоволството од животните услови

Демонстрациите започнаа со протести на ученици, а потоа се проширија и на незадоволство од трошоците за живот, цените на горивата и јавните услуги. Во Париз, властите дозволиле само одредени синдикални маршеви, додека други собири биле забранети.

ОЗНАКИ: Франција