Скопје
Дознај прв
ЌЕ СЕ ГРАДАТ ЧЕТИРИ ЛЕТНИ ДИСКОТЕКИ ПОД КАЛЕ, А НА МЕСТОТО НА ЗАПУШТЕНОТО ЛИЗГАЛИШТЕ ЌЕ ИМА ФУДБАЛСКО ИГРАЛИШТЕ И ТЕРЕН ЗА ПАДЕЛ

Под Скопското Кале, кај поранешниот базен „Плаја виста“, Град Скопје планира да изгради четири нови летни дискотеки, пренесе СДК. Просторот, кој со години е запуштен, ќе се уредува како место за забава и спорт. Од Градот велат дека дискотеките ќе ги изградат и уредат градските власти, а потоа ќе се издаваат по пазарна цена.
Предвидена е соодветна звучна изолација за да се спречи ширењето на гласната музика. Во овој дел ќе се уреди и паркинг, а Министерството за спорт и млади работи на проект за спортските терени. Плановите предвидуваат повторно да се стави во функција базенот, додека на местото на запуштеното лизгалиште ќе се изгради фудбалско игралиште и терен за падел.
Градот размислува и дел од старите објекти на Царинската управа да ги понуди на полициската станица „Беко“ за нејзино преселување, со цел да се обезбедат поголема безбедност и почитување на законските одредби.