Македонија

Граѓаните револтирани од мерката за замена на картите за нараквици за концертот на Дејвид Гета во Скопје

Граѓаните револтирани од мерката за замена на картите за нараквици за концертот на Дејвид Гета во Скопје

Граѓани реагираат на мерката за замена на влезниците со нараквици за концертот на Дејвид Гета во Скопје. Според реакциите, посетителите кои не се од Скопје ќе треба да доаѓаат во градот на 5, 6 или 7 септември за да ги заменат влезниците со нараквици, а потоа повторно да доаѓаат на 8 септември на концертот. Други граѓани коментираат дека во периодот се на одмор или живеат во дијаспората, а во Скопје доаѓаат специјално за големиот концерт на Гета.

„Која е логиката и исплатливоста на нас од страна да доаѓаме на 5-6-7-ми за да замениме влезници со нараквици, и на 8-ми па да доаѓаме на концерт?“, стои во една од реакциите.

Од друга страна, се појавија и голем број препродавачи на карти за концертот, при што, според објавите, билет купен за 35 денари достигнува цена од дури 10.000 денари. Граѓаните сметаат дека начинот на замена на билетите создава дополнителни трошоци и непријатности за оние кои доаѓаат од други места.

Дел од коментарите може да погледнете ТУКА.