Скопје
Дознај прв
ИНСПЕКЦИЈА ВО ЗЛОКУЌАНИ: Откриени дивоградби и нелегално собирање отпад
Инспекција на Општина Карпош во Злокуќани откри дивоградби и нелегално собирање отпад, при што се почнати постапки

Почната постапка за незаконски изградените куќи
Градежен и комунален инспектор од Општина Карпош денеска извршија контрола во скопската населба Злокуќани, при што биле откриени дивоградби и случаи на нелегално собирање и одлагање отпад. Градежниот инспектор утврдил неправилности кај повеќе незаконски изградени куќи. За објектите е започната постапка согласно законските надлежности на Општината. Инспекциската акција била спроведена на повеќе локации во населбата.
Отстранет кабаст отпад и опоменати повеќе жители
Комуналниот инспектор, заедно со службите за јавна хигиена и соодветна механизација, отстранувал кабаст отпад од јавните површини во реонот на улицата „Скупи“ и во внатрешноста на Злокуќани. Во текот на акцијата биле опоменати повеќе физички лица и домаќинства поради неправилно оставање отпад и нарушување на јавната чистота. Инспекторите разговарале и со жителите за комуналните проблеми со кои секојдневно се соочуваат. Од Општина Карпош најавуваат постапување во рамките на законските надлежности за утврдените неправилности.
