Македонија
Дознај прв
ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИ ЛИ СТАРОСНАТА ГРАНИЦА ЗА ПЕНЗИЈА?
Граѓаните сами ќе одбираат дали сакаат да работат..

Граѓаните сами ќе одбираат дали сакаат да работат до 62 или до 73 години!?
Ќе се зголеми ли старосната граница за пензија во Македонија? Ова прашање повторно се отвори по најавите дека пензискиот систем ќе биде предмет на анализа. Владата одобри ММФ и Светска банка да ја разгледаат состојбата во пензискиот фонд. Според најавите, можно е граѓаните сами да одбираат дали ќе се пензионираат според постојните услови или ќе продолжат да работат подолго. Се споменува можност за работа и до 73 години, но засега нема конечна одлука. Надлежните велат дека целта е одржлив пензиски систем, но без задолжително продолжување на работниот век.
