Македонија

МАКЕДОНСКИОТ БИЗНИСМЕН НИКОЛА АНДРЕЕВСКИ НА ВЕЧЕРА СО ТРАМП ВО МАР-А-ЛАГО

Македонскиот бизнисмен Никола Андреевски, извршен директор на „МДН Фрејт“ од Чикаго, присуствувал на вечера во Мар-а-Лаго и се сретнал со Доналд Трамп.

МАКЕДОНСКИОТ БИЗНИСМЕН НИКОЛА АНДРЕЕВСКИ НА ВЕЧЕРА СО ТРАМП ВО МАР-А-ЛАГО

Македонскиот бизнисмен Никола Андреевски, кој изгради кариера во американската транспортна и логистичка индустрија, беше меѓу гостите на вечерата одржана на имотот Мар-а-Лаго во Флорида, каде што имаше можност лично да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп.

Андреевски, кој потекнува од Велес и повеќе од една деценија живее и работи во САД, присуствувал на настанот во петокот навечер. За време на вечерата, тој се поздравил со Трамп и разменил неколку зборови со американскиот претседател.

Андреевски е извршен директор на транспортна компанија во Чикаго

Македонскиот бизнисмен е извршен директор на компанијата „МДН Фрејт“, со седиште во Чикаго, која работи во транспортниот и логистичкиот сектор. Неговата кариера започнала со работа во основните сегменти на индустријата, по што постепено напредувал до раководна позиција.

Денес, како извршен директор, Андреевски се фокусира на проширување на капацитетите на компанијата, подобрување на оперативната ефикасност и развој на долгорочни деловни партнерства.

Во јуни годинава, тој беше меѓу добитниците на признанието „Бизнис елит – 40 под 40“, доделено во Њујорк на млади претприемачи и деловни лидери за нивните професионални достигнувања.

Еден од основачите на Американскиот балкански трговски центар

Покрај ангажманот во транспортниот сектор, Андреевски е и еден од основачите на Американскиот балкански трговски центар. Иницијативата има за цел да ги поврзе компаниите од САД и Балканот, да поттикне деловна соработка и да отвори можности за нови инвестиции.

Претходно учествувал и на донаторски средби во Мар-а-Лаго

Ова не е негово прво присуство на настан во Мар-а-Лаго. Во март годинава, Андреевски учествувал на донаторска средба посветена на Џо Мичел, кандидат за американскиот Конгрес од Ајова.

На настанот присуствувале и високи претставници на американскиот политички и деловен живот, меѓу кои Том Емер и Џејсон Смит, претседател на Комитетот за начини и средства во Претставничкиот дом.

На слична донаторска средба во Мар-а-Лаго учествувал и во мај 2025 година, заедно со претставници на балканската бизнис-заедница во САД и поранешниот гувернер на Илиноис, Род Благојевиќ.