Регион
Дознај прв
Марта Кос ја откажа посетата на Србија: Вучиќ бесен, причината ја нарече „глупава“
Еврокомесарката Марта Кос ја откажа посетата на Србија поради величењето на Ратко Младиќ, а Вучиќ нејзиното објаснување го нарече „глупаво“.

Еврокомесарката за проширување Марта Кос ја откажа планираната посета на Србија поради, како што наведе, величењето на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ. Кос требаше да престојува во Белград на 9 септември, два дена по погребот на Младиќ. Таа порача дека неговото величење е некомпатибилно со вредностите на Европската Унија и дека европскиот пат бара соочување со минатото, вистинско помирување и почитување на жртвите на воените злосторства.
Вучиќ жестоко реагираше
Српскиот претседател Александар Вучиќ ја коментираше одлуката на Кос, оценувајќи дека објаснувањето за откажувањето било „исклучително кратко, но глупаво“. Тој праша кој конкретно го величал Младиќ и ги критикуваше реакциите поврзани со неговото враќање во Србија.
Младиќ се врати во Белград со државен авион
Телото на Младиќ, кој почина на 27 август во Хаг, беше пренесено во Белград со авион на српската Влада. Неговото пристигнување беше проследено со транспаренти и пораки со кои беше величан како „генерал“, а за погребот Вучиќ најави дека безбедносните служби очекуваат десетици илјади луѓе. Младиќ беше осуден на доживотен затвор за геноцидот во Сребреница, теророт врз Сараево и други тешки воени злосторства.
