Македонија

МЕТЕЖ КОН ГРЦИЈА: На ГП Дојран се чека до 30 минути, на грчка страна и до еден час

Зголемена фреквенција на границата со Грција. На ГП Дојран се чека до 30 минути, а на грчката страна задржувањето е до еден час.

МЕТЕЖ КОН ГРЦИЈА: На ГП Дојран се чека до 30 минути, на грчка страна и до еден час

Викенд-метеж е забележан на граничните премини кон Грција, а зголемената фреквенција на возила започнала уште во раните утрински часови. На граничниот премин „Дојран“, за излез од Македонија се чека од 20 до 30 минути, додека на грчката страна задржувањето е двојно подолго и достигнува до еден час.

Колоната на ГП Дојран постепено се намалува

Од граничниот премин информираат дека претходно имало колона долга неколку километри, но метежот постепено се намалувал. Ново зголемување на бројот на возила се очекува по 18 часот, кога голем број граѓани се враќаат од викенд-патувањата. Најголеми гужви најчесто се бележат во недела и на датумите кога се менуваат туристичките аранжмани.

Зголемена фреквенција и на Богородица

Поголем број патници е регистриран и на граничниот премин „Богородица“. Од вчера до денеска напладне, преку овој премин од Македонија излегле 6.100 македонски и 15.871 странски државјанин. На „Табановце“, пак, за влез во државата се чека околу 20 минути, додека на останатите премини од македонска страна нема подолги задржувања. МВР информира дека се ставени во функција сите човечки и технички капацитети за побрз проток на патниците.