Економија

ДОЛАРОТ БЛАГО ОСЛАБЕ: Еврото зајакна во однос на американската валута

Доларот благо ослабе во однос на кошничката валути, додека еврото зајакна за 0,2 отсто. Намалената инфлација во САД влијаеше врз пазарите.

ДОЛАРОТ БЛАГО ОСЛАБЕ: Еврото зајакна во однос на американската валута

Американскиот долар забележа благо намалување на вредноста во однос на кошничката од шесте најголеми светски валути. Индексот на доларот во текот на минатата седмица ослабел за 0,2 отсто и се спуштил на 100,75 поени. Истовремено, вредноста на еврото пораснала за 0,2 отсто, при што едно евро се тргувало за 1,1440 долари.

Намалената инфлација го притисна доларот

Главната причина за слабеењето на американската валута е благото намалување на инфлацијата во САД. Потрошувачките цени во јуни се намалиле за 0,4 отсто на месечно ниво, додека годишната инфлација се спуштила на 3,5 отсто, под очекувањата на аналитичарите. Овие податоци ги намалиле очекувањата дека Федералните резерви ќе ги зголемат каматните стапки на состанокот во јули.

Доларот зајакна во однос на јенот

И покрај слабеењето во однос на кошничката со валути, доларот зајакнал за 0,4 отсто во однос на јапонскиот јен и достигнал вредност од 162,40 јени. Кон крајот на седмицата американската валута надоместила дел од загубите, бидејќи инвеститорите ја сметаат за побезбедно засолниште во услови на неизвесност, раст на цените на нафтата и пад на акциите на технолошките компании.

ОЗНАКИ: долар