Економија
Дознај прв
ПАДНА ВРЕДНОСТА НА ДОЛАРОТ: Американската валута ослабе во однос на еврото и јенот
Доларот минатата недела ослабе за 0,8 проценти во однос на кошничката валути, а пад забележа и во однос на еврото и јенот.

Доларот забележа пад на светските пазари
Вредноста на американскиот долар на светските пазари минатата недела забележа пад во однос на кошничката на главните валути. Индексот на доларот се намалил за 0,8 проценти и достигнал 98,84 поени. Американската валута ослабела и за 0,9 проценти во однос на еврото, достигнувајќи курс од 1,1680 долари за едно евро. Во однос на јапонскиот јен, доларот паднал за 0,2 проценти, на 158,95 јени.
Инвеститорите загрижени за американските обврзници
Падот на доларот следува по интервенцијата на американското Министерство за финансии на пазарот на обврзници, откако приносите на 30-годишните обврзници достигнаа највисоко ниво од 2007 година. Иако Министерството најави зголемување на купувањата на долгорочни обврзници, приносите повторно почнале да растат. Пазарот засега очекува американската централна банка да не ги зголеми каматните стапки на септемврискиот состанок, иако инфлацијата останува причина за загриженост.
