Регион
Дознај прв
МИЦКОСКИ НА САМИТОТ НА БЕРЛИНСКИОТ ПРОЦЕС: Регионалната соработка во фокусот на средбите во Црна Гора
Христијан Мицкоски учествува на самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора, каде се разговара за економија, безбедноста и евроинтеграциите.

Премиерот Христијан Мицкоски учествува на самитот на Берлинскиот процес, кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора. На средбата се разговара за економското поврзување на регионот, безбедноста и забрзувањето на интеграцијата во Европската Унија. Мицкоски ќе ги претстави македонските ставови и можности во областа на економијата, безбедноста, европските интеграции и конкурентноста на регионот. Самитот е завршен настан на црногорското претседавање со Берлинскиот процес. На него учествуваат лидерите од Западен Балкан, како и германскиот канцелар Фридрих Мерц, кој ја поддржува интеграцијата на регионот во ЕУ.
Економско поврзување и безбедност
Една од главните теми на самитот е продлабочувањето на економската соработка меѓу земјите од Западен Балкан. Разговорите ќе се фокусираат и на безбедносните предизвици и на можностите за побрзо приближување кон Европската Унија.
Македонија ќе ги претстави своите позиции во Црна Гора
Македонската делегација ќе ги изложи приоритетите на земјава за регионална соработка и европска интеграција. Берлинскиот процес е иницијатива за зајакнување на политичките, економските и инфраструктурните врски меѓу земјите од Западен Балкан и нивно приближување кон ЕУ.
