Македонија

ТАТЈАНА СТОЈАНОВСКА ЗАМИНУВА ОД КАНАЛ 5: По 15 години кариерата ја продолжува во друга телевизија

По 15 години во Канал 5, Татјана Стојановска ја продолжува кариерата на Алфа ТВ. Колегите ѝ приредија емотивно испраќање.

ТАТЈАНА СТОЈАНОВСКА ЗАМИНУВА ОД КАНАЛ 5: По 15 години кариерата ја продолжува во друга телевизија

Татјана емотивно се прости од колегите

Татјана Стојановска ја напушта телевизијата Канал 5 по 15 години работа во информативната редакција. Водителката го сподели заминувањето на социјалните мрежи, објавувајќи фотографии од последниот работен ден, на кој колегите ѝ приредиле емотивно испраќање. Таа добила букет цвеќе и подарок, а во објавата им се заблагодарила за годините поминати заедно. „Емотивен последен ден од мојата 15-годишна работа во Канал 5 телевизија. Многу убави 15 години со моите драги колеги. Ви благодарам“, напишала Стојановска.

Вестите ќе ги презентира на Алфа ТВ

Стојановска професионалната кариера ја продолжува на Алфа ТВ, каде што ќе биде дел од тимот што ги презентира централните вести. Таа за „Женски магазин“ изјавила дека се радува на новото поглавје и на можноста да работи во интерес на гледачите и јавноста. Пред Канал 5, Стојановска работела и во Македонската телевизија и во А1, а нејзиното заминување означува нова промена во нејзината долгогодишна телевизиска кариера.