Македонија
Дознај прв
Мицкоски: Верувам во конечна победа во Брвеница

ВМРО-ДПМНЕ убедливо победи во Брвеница со огромен резултат, ова е значајна победа за ВМРО-ДПМНЕ во Полошкиот регион.
Ова денеска го изјави премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски прашан за коментар за вчерашните локални избори во Брвеница.
-Имаме предност од 800 гласа во однос на кандидатот на ДУИ. Во однос на политичкиот конкурент СДСМ, победивме со разлика поголема од 4:1. Очекуваме во овој втор круг уште поголемо консолидирање и уште поголема победа за да ја заокружиме целосно победата, вели тој.
Мицкоски изрази благодарност до граѓаните на Брвеница кои излегле да гласаат на изборите и ја поддржале победата на ВМРО-ДПМНЕ со околу 3.000 гласа.
-Очекувам таа бројка после вториот круг да се искачи на рекордни над 4.000 гласа. Верувам во конечна победа, нагласи Мицкоски.
Во Општина Брвеница ќе се одржи втор круг од изборите за градоначалник, откако ниту еден од кандидатите не освои доволно гласови за победа во првиот круг.
Според податоците објавени на официјалната страница на Државната изборна комисија (ДИК), кндидатот на ВМРО-ДПМНЕ освои 38,90 отсто од гласовите, додека кандидатот на НАИ доби поддршка од 28,45 проценти од гласачите.
Во вториот круг за градоначалничката функција ќе се соочат Стојанчо Радичевски и Аркин Јахји.
