Свет
Дознај прв
НАПАД ОД ОГРОМНА МЕЧКА: атлетичарка преживеала хорор на позната патека во Алјаска
Атлетичарката Клер Роудс преживеала напад од огромна мечка додека трчала сама на позната патека во Алјаска, спасувајќи се со спреј против мечки.

Со еден потег успеала да си го спаси животот
Професионалната атлетичарка Клер Роудс преживеала страшен напад од огромна мечка додека сама трчала на планинарската патека „Вулверин Боул“ во близина на Анкориџ, Алјаска. Инцидентот се случил на 13 август, а според надлежните, таа била повредена по средбата со дивото животно. За среќа, Клер со себе носела специјален спреј против мечки, кој го употребила за да го исплаши животното и да успее да се спаси.
Завршила со повреди, но успеала да се врати дома
По нападот, атлетичарката била пренесена во болница со повреда на левиот колк, како и гребнатини и траги од канџи и заби. Таа го опишала нападот како „кошмар што се остварил“, но истакнала дека е горда на начинот на кој реагирала во застрашувачката ситуација. Биолозите ја пребарале областа, но мечката не била пронајдена, иако на местото биле собрани примероци и други траги. Клер требало да настапи на натпревар во Франција, но по нападот не е сигурна дали ќе може да се натпреварува.
