Македонија

НЕВРЕМЕТО СПРЕЧИ СЛЕТУВАЊЕ ВО СКОПЈЕ: Авион од Цирих пренасочен кон Приштина

НЕВРЕМЕТО СПРЕЧИ СЛЕТУВАЊЕ ВО СКОПЈЕ: Авион од Цирих пренасочен кон Приштина

Авионот на „Еделвајс“, кој вечерва полетал од Цирих во 18 часот, не успеал да слета во Скопје поради силното невреме. Авионот бил полн со патници, а поголемиот дел од нив биле македонски државјани. По пристигнувањето над Скопје, авионот околу 20 минути кружел и чекал ситуацијата со невремето да се смири. Сепак, пилотот одлучил да го пренасочи летот кон Приштина. Авионот требало да слета на скопскиот аеродром околу 20 часот, пренесе Прес24.