Дознај прв
НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА ОД ПОЛНОЌ: Бензинот поевтинува, а дизелот поскапува

Вечерва од полноќ дизелот и екстра лесното масло за домаќинство ќе поскапат за два денари по литар, додека бензините ќе поевтинат за 2,50 денари. Одлуката ја донесе Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), со која малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемуваат за 0,49 отсто. Поскапувањето се однесува на Еуродизелот и екстра лесното масло за домаќинство.
Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 ќе се продаваат по цена пониска за 2,50 денари за литар. Се зголемува и цената на мазутот М-1 НС за 1,837 денари по килограм, па ќе изнесува 53,579 денари. Во пресметката на цените е применета владината одлука за намален ДДВ од 10 отсто за дизелот и намалена акциза од четири денари за литар кај бензините и дизелот.
