Македонија

ОД ДЕНЕС, 20 ОКТОМВРИ: Членовите на МАПАС со бенефициран стаж треба да достават изјава за задолжителниот пензиски фонд

Членовите на задолжителните пензиски фондови со бенефициран стаж можат да го продолжат членството со писмена изјава до 20 јануари 2027 година.

ОД ДЕНЕС, 20 ОКТОМВРИ: Членовите на МАПАС со бенефициран стаж треба да достават изјава за задолжителниот пензиски фонд

Од денеска, 20 октомври, започнува доставувањето изјави за членовите на задолжителните пензиски фондови кои остваруваат бенефициран стаж. Изјавата се однесува на нивното членство во вториот пензиски столб, односно задолжителниот капитално финансиран пензиски систем.

Крајниот рок е 20 јануари 2027 година

Членовите кои навршиле стаж со кој старосната граница за пензионирање им се намалува за најмалку една година, имаат право да изберат дали ќе го продолжат членството во вториот пензиски столб. За тоа треба да достават писмена изјава најдоцна до 20 јануари 2027 година.

Што ако не достават изјава?

Доколку членовите не достават изјава во предвидениот рок, нивното членство во задолжителниот пензиски фонд ќе престане, а средствата од индивидуалните сметки ќе бидат префрлени во Фондот на ПИОСМ. Тие ќе останат осигурени само во системот на пензиско осигурување заснован на генерациска солидарност, од каде што ќе го остваруваат правото на пензија. Од МАПАС информираат дека лицата кои претходно веќе доставиле изјава за продолжување на членството не треба повторно да ја поднесуваат.

Повеќе информации за бенефициран стаж и изјавата за продолжување на членството во задолжителен пензиски фонд на: mapas.mk