Македонија
Дознај прв
ОХРИД И МАВРОВО МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ ДЕСТИНАЦИИ НА БАЛКАНОТ: Американски „Кварц“ ги издвојува како причина за посета на регионот
Американскиот портал „Кварц“ ги рангираше најдобрите дестинации на Балканот за 2026 година. На листата се Сараево, Охрид, Маврово и уште неколку места.

Американскиот портал „Кварц“ објави листа на најдобрите дестинации на Балканот за 2026 година, а Охрид и Маврово се издвоени кои вредат да се посетат. На листата се најдоа и Котор, Истра, Сараево, Албанската ривиера, Приштина и островот Брач. Според „Кварц“, Балканот е една од најпотценетите европски региони, со разновидни пејзажи, богата историја и различни култури. Авторите советуваат патниците да не се обидуваат да го „обиколат Балканот“ во едно патување, туку да изберат неколку земји и да остават простор за непланирани откритија.
Охрид и Маврово меѓу препорачаните места
На листата се најдоа и две македонски дестинации – Охрид и Маврово. Охридското Езеро е претставено како едно од најатмосферичните места во регионот, додека Маврово се издвојува како планинска дестинација со езеро и потопена камена црква. „Кварц“ го споменува и Галичник, каде што во јули се одржува традиционалната Галичка свадба. Меѓу другите препорачани дестинации се Котор со заливот, Истра позната по гастрономијата, младешката Приштина, Албанската ривиера и хрватскиот остров Брач.

Сараево – град со историја и културна разновидност
Сараево е опишано како место каде што османлиската Башчаршија, австроунгарската архитектура, џамиите и еврејското наследство се наоѓаат на кратко растојание едни од други. Во градот сè уште се видливи траги од опсадата во 1990-тите, што му дава дополнителна историска длабочина. Како дополнителна станица се препорачува и Мостар, особено рана посета на Стариот мост и прошетка низ помалку посетените улички.

