Македонија

ПЕТ ПОЖАРИ НА ОТВОРЕНО ДО 13 ЧАСОТ: Два сè уште активни, два целосно изгаснати

Два пожари се активни во Долнени и Кичево, пожарот кај Кавадарци е под контрола, додека пожарите во Желино и Гостивар се изгаснати.

ПЕТ ПОЖАРИ НА ОТВОРЕНО ДО 13 ЧАСОТ: Два сè уште активни, два целосно изгаснати

До 13 часот денеска на територијата на Македонија биле регистрирани вкупно пет пожари на отворен простор. Според информациите од Центарот за управување со кризи, два од пожарите сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а два се целосно изгаснати.

Горат жито и сува трева

Активен е пожарот кај селото Вранче во Општина Долнени, каде што со огнот е зафатена нива со жито. Пожар има и во Кичево, зад спортската сала „Јанчица“, каде што гори сува трева.

Под контрола пожарот кај Кавадарци

Под контрола е ставен пожарот кај селото Долна Бошава во Општина Кавадарци, каде што горела ниска вегетација. Во меѓувреме, изгаснат е пожарот кај селото Дебарце во Општина Желино, кој исто така зафатил ниска вегетација. Изгаснат е и пожарот во кругот на фабриката САЕМ кај гостиварското село Горна Бањица, каде што гореле сува трева и дрвени отпадоци. Надлежните служби продолжуваат да ја следат состојбата на терен.