Скопје
Дознај прв
ПРЕКИНИ НА СТРУЈА ВО ЧАИР, АЕРОДРОМ, БУТЕЛ: Дел од Карпош без вода
Денеска дел од Карпош ќе биде без вода поради поврзување нова мрежа, а планирани прекини на струја има во Чаир, Аеродром, Бутел, Кисела Вода и Сопиште.

Дел од Карпош денеска ќе биде без вода, а прекини на електричната енергија се најавени во Чаир, Аеродром, Бутел, Кисела Вода и Сопиште. Според информациите од надлежните служби, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8:30 часот до завршување на работните активности, поради поврзување нова водоводна мрежа на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, кај поранешната фабрика „Треска“.
Кои делови од Карпош ќе бидат без вода?
Без вода ќе бидат корисниците на улиците „Христо Смирненски“, „9 Мај“, „Роза Луксембург“, „Диме Аницин“, дел од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, како и улиците „Васил Стефановски“, „Петар Поп Арсов“, „Костурски Херои“ и „Борка Талевски“.
Распоред на прекините на струја
Во Чаир, од 8 до 11:30 часот, без електрична енергија ќе бидат дел од улиците „Славеј Планина“, „Прохор Пчински“ и „Јоаким Крчовски“. Во Горно Соње, општина Сопиште, прекинот е најавен од 9 до 12 часот, а во Аеродром од 9 до 14 часот ќе ги опфати улиците „Ѓорѓи Капчев“ кај број 31, „Ристо Аврамовски“ и „Димитар Солев“. Во Кисела Вода, од 9 до 12 часот, без струја ќе бидат компанијата СТХ ДОО Скопје во кругот на Стаклара и дел од околните објекти, додека во Радишани, општина Бутел, прекинот на улицата „Боро Кралевски“ ќе трае од 9 до 13 часот.