Хроника

ПРЕТРЕС ВО ГОЛЕМА РЕЧИЦА: Пронајдени пиштол и кокаин, приведен 57-годишник

При претрес со судска наредба во Голема Речица биле пронајдени пиштол и кокаин. Приведен е 57-годишник кој, според полицијата, упатил закани кон службениците.

ПРЕТРЕС ВО ГОЛЕМА РЕЧИЦА: Пронајдени пиштол и кокаин, приведен 57-годишник

Полицијата извршила претрес во дом и помошни простории во тетовското село Голема Речица, при што биле пронајдени пиштол и кокаин. На 16 октомври, од 15 до 16:30 часот, со судска наредба бил претресен домот на А.А. (57), поради сомнение за кривично дело според член 215 од Кривичниот законик.

Кокаин пронајден во навлака од перница

Во подрумска просторија, под кревет, бил пронајден пиштол „Екол дуал“ со една празна рамка. Во помошна просторија, во навлака од перница, полицијата пронашла 22 мали најлонски кесички со кокаин и една поголема најлонска кеса со истата материја.

Осомничениот упатил закани кон полицајците

За време на претресот, 57-годишникот наводно упатил закани кон полициските службеници, по што бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово. По документирањето на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

 

ОЗНАКИ: мвр