Македонија

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО ВРЕМЕ СО ДОЖД: Попладне се очекуваат локални врнежи низ Македонија

Денеска времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи. Температурите ќе достигнат до 20 степени, а во Скопје до 17.

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО ВРЕМЕ СО ДОЖД: Попладне се очекуваат локални врнежи низ Македонија

Највисоките температури ќе достигнат до 20 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла, а ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринските температури ќе се движат од 5 до 12 степени, додека максималните дневни ќе достигнат од 12 до 20 степени. Најтопло се очекува да биде во југоисточните делови од земјата.

Во Скопје попладне можен повремен дожд

Во Скопје ќе биде променливо облачно, а претпладне ќе има услови за појава на слаба магла. Попладне во делови од котлината се очекува повремен дожд, со слаб ветер од југоисточен правец. Температурата во главниот град ќе се движи од 7 до 17 степени.

ОЗНАКИ: МЕТЕО