Свет

(ВИДЕО) СИНОЌА НАПНАТО И ВО РИМ: Демонстранти насилно влегоа во Колосеумот

Протестите се шират низ цела Европа. По Франција, Албанија, Србија, Шпанија сега на удар е и Италија.

(ВИДЕО) СИНОЌА НАПНАТО И ВО РИМ: Демонстранти насилно влегоа во Колосеумот

За време на синоќешните протести во Рим, група од повеќе од 100 демонстранти ги пробила влезовите на Колосеумот и влегла во античкиот амфитеатар. Според италијанските медиуми, демонстрантите се одвоиле од протестниот марш и се упатиле кон историскиот објект. При упадот дошло до тензии со обезбедувањето, а бил пријавен и напад врз еден од вработените. Демонстрантите останале во објектот неколку минути, по што излегле, додека полицијата и финансиската полиција ги обезбедувале влезовите.

Погледнете го видеото од влезот во Колосеумот:

Во центарот на Рим имало и судири меѓу демонстрантите и полицијата, која употребила водени топови и солзавец. Протестите биле насочени против високите трошоци за живот и повторното вооружување. Италијанското Министерство за култура соопштило дека нема пријавени штети ниту повредени во инцидентот кај Колосеумот.

(ВИДЕО) ТИРАНА И ВЕЧЕРВА ГОРИ: Демонстрантите ја нападнаа полицијата со пиротехника и молотови коктели