Македонија

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО ВРЕМЕ СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ: Попладне можен слаб локален дожд

Денеска, 21 октомври, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне се очекува слаб локален дожд, а максималните температури ќе достигнат до 24 степени.

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО ВРЕМЕ СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ: Попладне можен слаб локален дожд

Времето денеска, 21 октомври, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови, најпрвин во крајните западни делови, а потоа и на повеќе места, ќе има услови за слаб локален дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, со слаб до умерен ветер од променлив правец.

Температури: Највисоките дневни температури ќе се движат од околу 20 до 24 степени, а утринските од 1 до 8 степени.

ОЗНАКИ: МЕТЕО